Поради дводневната жалост културните установи ги откажаа закажаните концерти и претстави

Поради жртвите во тешката сообраќајна несреќа и прогласените денови на жалост, денеска и утре се откажуваат закажани настани во институциите од културата.

Вечерашниот симфонискиот концерт „Моја љубов“ Македонската филхармонија ќе го презакаже за понеделник, 18. февруари, соопштија од МФ.
Македонскиот народен театар ја откажа вечерашната изведбата на мјузиклот „Мама миа!“. Следната изведба на мјузиклот е закажана на 11 март во 20 часот, а билетите кои публиката ги купи за изведбата на 14. февруари, ќе важат за изведбата на 11. март.
НУ Македонски народен театар изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите, објави Националниот театар.
Театарот за деца и младинци – Скопје, извести дека поради тешката сообраќајна несреќа и прогласувањето на 14. и 15. февруари за денови на жалост, ќе бидат откажани претставите од редовниот репертоар. Ансамблот на Театар за деца и младинци, им изразува длабоко сочувство на семејствата на загинатите.
Театар Комедија ја откажува изведбата на претставата „Вардарски пастуви“ која беше планирана за 15. февруари и таа се презакажува за 16. февруари. Билетите важат за саботната претстава.
Драмски театар ги откажа претставите „Партија Реми“ и „Крал Иби“. Подигнатите билети за овие претстави можете да се заменат за било која друга претстава на репертоарот на Драмски театар во секое време, соопштија од Драмски.
Откажана е и прес-конференцијата на екипата од наградениот филм „Медена земја“ која беше закажана за денеска во 11. часот. Продукцијата соопшти дека дополнително ќе извести за новиот термин.
Народен театар Битола упатувајќи сочуство до семејствата на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа соопшти дека закажаните претстави за 14-ти и 15-ти февруари се одлагаат поради деновите на жалост.
Од дирекцијата на Македонската опера и балет информираа дека гостувањето на балетот при МОБ во театарот во Битола, закажано за 14.02.2019 со балетската претстава „Либертанго“, се одложува и ќе биде дополнително најавено.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи БрасАрт квинтет

На 8 август 2022/ понеделник/ од 20.00 ч. во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен …