Мажите во овие три хороскопски знаци се најголеми заводници

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…

Некои хороскопски знаци се вистински шармери и се издвојуваат по своите способности за заедување. Погледнете за кои знаци станува збор.


Бик
Иако не е свесен за тоа, Бикот спаѓа во групата на врвни заводници во хороскопот. Тој е спонтан и тоа е она со што го освојува понежниот пол. Покрај него жената се чувствува посебно, а умее да приреди и оган од емоции и внимание. Биковите имаат природна топлина во очите и понекогаш несвесно ги привлекуваат и оние кои не ги посакуваат.


Близнаци
Другото име за нив е шарм. Ретко која дама може да им одолее. Обожуваат да заведуваат и секогаш умеат да го освојат понежниот пол со некоја интересна приказна. Од останатите се издвојуваат поради својот интелект, а со својот позитивен став успеваат да ја задржат блиску до себе и личноста која ја посакуваат засекогаш.

Скорпија
Тешко дека нема да ги забележите овие мажи. Нивниот поглед не може да ве остави рамнодушни. Ова е знак кој длабоко чувствува и неговата интуиција е изразена до таа мера што во секој момент знае кои се вашите потреби, а со оглед на тоа дека во емотивна смисла е многу предаден, ќе ужива додека ве задоволува до максимални граници. Неговата умешност за водење љубов останува запаметена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Месецот на раѓање открива каков партнер ви треба

Ѕвездите можат да откријат многу, дури и каква личност би ѝ била најпријатна на вашата …