(ФОТО) Славната глумица суеверна: Поранешниот сопруг ја изневерил и сега крие дека се омажила?

Списанието “Life&Style” пишува дека славната актерка Сандра Булок се омажила во тајност.Холивудската актерка е во врска со моделот и фотограф Брајан Рендал, а врската наводно ја крунисале со брак.
Неименуваниот извор за ова списание изјавил:
“Имаа тајна церемонија, само тие двајца и нејзините посвоени деца. Немаше голема прослава, деверуши или планери за свадби. Така сакаше Сандра, едноставна церемонија со луѓе кои и се важни, Брајан, нејзината ќерка Лајла и синот Луис”.
Актерката не сакала за венчавката да се зборува во јавноста и нема да носи венчален прстен бидејќи не сака луѓето да прават компарација од нејзините претходен брак. Имено, Сандра била мажена со Џеси Џејмс, кој ја изневерил, по што актерката го оставила.
Џејмс ја запознал две децении помладата Мишел кога дошла на разговор во неговата компанија.

Мишел тогаш до детали ја опишала својата афера во списанието “In Touch”: “Јас сум очигледно малку побезобразна девојка од Сандра. Сакам мотори и мислам дека имам повеќе заеднички работи со Џеси од неа. Би рекла дека тој беше осамен во тој брак”, изјавила таа.
Сандра и Брајан уште не се огласиле по повод венчавката, а ова не е прв пат списанието да пишува за нивната свадба. Во декември 2017. пишувале за зимска венчавка, а минатиот април наведувале дека актерката очекува дете со Брајан.
Сандра го запознала Брајан кога дошол како фотограф да ги забележи моментите од прославата на петтиот роденден на Луис. Заедно се веќе четири години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(Рецепт) Јадење кое отвора апетит: Крем салата од печени пиперки!

Неодолив вкус, салата која се јаде и отвора апетит. Со месо на било кој начин …