(ФОТО) Акција за чистење на отпадот во дворот на студентскиот дом „Пелагонија“: Какви студентки имаме – срамно е да го носат името студенти!

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје денеска започна акција за чистење на енормното количество на насобран отпад во дворот на студентскиот дом „Пелагонија“, во општината Кисела Вода. Почетокот на акцијата го означија директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани, градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, како и градоначалникот на општината Кисела Вода, Филип Темелковски, коишто им се обратија на граѓаните со апел за совесно постапување со отпадот.

„И покрај фактот дека чистењето на ваквите површини не е во наша надлежност, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе ги спроведе овие активности, со цел да се спречи ширењето на заразни болести и да се заштити животната средина. Oваа недела ќе ја посветиме токму на подигнувањето на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии коишто директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните. Секој ден во неделата ќе исчистиме по една црна точка – започнавме во Топаана, денес сме во студентскиот дом „Пелагонија“ и до крајот на неделата ќе посочиме уште неколку локации каде што и покрај секојдневните интервенции на нашите екипи постојано се создаваат диви депонии, како резултат на неправилното одлагање на отпадот од страна на граѓаните.“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ХРАБРО ДЕВОЈЧЕ – ГО НАШЛЕ ИСКИНАТО, ИЗГРЕБАНО И ВО МОДРИНКИ: Малечката Русинка Зарина (5) минала пет дена во дивата тајга без храна и вода – Ќе ве шокира што измаченото девојче прво побарало од спасителите!

Петгодишно девојче од Русија е спасено откако поминало четири дена изгубено во шумата. Зарина Авгонова …