(ВИДЕО) И’ покрај забраната, Кејт Хадсон објавила моменти од роденденот на колешката!

Џенифер Анистон го прославила својот 50. роденден со голема забава на која присуствувале бројни холивудски ѕвезди, па дури и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит…
Меѓутоа, како што пишуваат американските медиуми, ѕвездата на „Пријатели” на гостите исклучително им забранила да објавуваат фотографии на социјалните мрежи, па во јавност можеа да се забележат само фотографии кои се снимени од папараците додека гостите пристигнувале.
Но, глумицата Кејт Хадсон сепак одлучила да го прекрши правилото на Џенифер и на својот Инстаграм профил објавила фотографии на кои позира со славеничката и со Гвинет Палтроу. Фотографиите ги објави во вид на GIF и напишала:

“Ги обожувам овие дами. Ја славевме оваа убавица вчера. Среќен роденден Џ.А. Сите те сакаме многу!”.

Дали со оваа објава Џенифер се налути или сепак доби дозвола за објавување, не е познато.

Инаку, на забавата биле присутни и Амал Клуни, Џорџ Клуни, Рис Витерспун, Деми Мур, Елен Де Ѓенерис, Барбара Стрејсенд, Лиса Кудроу, Кејти Пери, Орландо Блум, Сандра Булок и многу други.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тони Цетински бил на трансплантација на коса, СЕ’ објавил на Инстаграм

ТОНИ Цетински објави на Инстаграм дека решил да направи трансплантација на коса. „Одамна имам желба …