Стрип центар на Македонија,Велес, со Отворено писмо до Министерството за култура!

Почитувани,
Од името на Стрип центар на Македонија со седиште во Велес ја поздравувамe Вашата одлука за ревизија на Годишната програма за култура за 2019 г .
Бидејки нашите забелешки ги сметаме за принципиелни а се во интерес за развој на 9та уметност кај нас ,истите ќе ги елаборираме
ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
-најстарата стрип манифестација во Македонија , Интернационалниот стрип салон којшто од 2018 г премина во неколкудневна мегународна стрип колонија ,првпат после 18 г НЕ С Е ФИНАНСИРА ОД МИНИСТЕРСТВОТО.Овој салон ги отвори вратите на младата македонска стрип сцена кон стрип сцени ,манифестации и фестивали од странство.Овдека без проблем другаруваа автори од сите држави на Балканот( вклучено и превземеното менторство на младите стрип сцени од Косово и Албанија,како и Грција) вклучено и Грција, Јапонија, САД, Швајцарија.
Оваа манифестација и инаку досега е финансирана со многу скромни средства што доведуваше до реалнипропусти во организирањето ; сместување, награди, жири комисија.Наместо ситуацијата да се корегира кон подобро преку овозможување на пристојни средства ,бидејки 1та стрип колонија претпоставува повеке денови за престој , но самата активност по себе овозможи солидна интернационална стрип соработка и медиумска покриеност
ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ
-стрип книгите кои се усвоени за финансирање , но со премногу мала , да не речам мизерна сума која не го покрива ни печатењето.
Да потсетам дека освен афирмирање на македонските автори (како врвен приоритет) Диме ИВанов-Димано, Миле Топуз,Александар Стеванов.. тука се свртуваме и кон други етнички колективитети ширејки ја интеркултурата како приицип:
·Марко Стефановиќ –Србија за делото РЕКВИЕМ(македонски и српски јазик) .Оваа книга е дел од едицијата ВЕКОВНИЦИ кадешто, како дел од мрежа на автори и издавачи се вклучени голем број на стрип автори од балканските земји.Македонија изостанува
·Гани Јакупи за делото ХАВАНА , САД( македонски и албански јазик)
Во делот на издавачката стрип дејност поставуваме принципиелно прашање:дали за македонската стрип сцена е побитно афирмирањето на македонските стрип автори , па дури и интеркултуралната компонента и свртеноста кон разни етнички колективитети ( на која во јавноста толку се инсистира) отколку финансирањето на чисто лиценцни изданија.
Ова прашање не го посветуваме само околу изданијата на СЦМ.
ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНИ ДЕЈНОСТИ
-реагираме на малата сума за ИНТЕРКУЛТУРНОТО СТРИП УЧИЛИШТЕ кое треба да се одржи во тек на неколку дена во некое туристичко место
-неусвојување на проектот „СКОПСКА СТРИП АКЦИЈА” којшто е дел од нужното свртување кон главниот град.Сакавме на оваа манифестација да почнат да гостуваат стрип сцени од странство, за почеток планиравме тоа да бидете младата стрип сцена од Косово.
Да резимираме:генерална наша забелешка е дека и во сферата на стрип културата не се гледало на досегашната работа и континуитет на апликантите(пред се организации, наспроти индивидуалци) иако тоа е вметнато во критериумите. Увидот во стрип проектите во донесената и оспорена програма само по себе ќе ја конкретизира и дообјасни оваа забелешка
Со почит!
Тимот на Стрип центар на Македонија,Велес

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Програма во „Јавна соба“ оваа недела!

Дали слушнавте за новиот курс во Јавна Соба? Прочитајте повеќе на линкот. И оваа недела …