Дневен хороскоп за недела, 10.02.2019:Денеска ѕирнете во себе, фантазирајте, малку фантазија добро ќе ви дојде – сепак бидете внимателни, некои работи можат да делуваат како илузија

Денеска е недела, Меркур е во Риби. Интуиција, мечта, креативност, инспирација, тоа е тој Меркур…Денеска ѕирнете во себе, фантазирајте, малку фантазија добро ќе ви дојде.
Она што денеска исто така ќе ви годи е сите да ве истават на мир. Ќе се изолирате од бучавата, но само за да уживате, не да тагувате по нешто.
Нептун и Јупитер владеат со Меркур, првиот е задолжен за инспирација, како и за интуиција. Нептун е владетел на Рибите. Иако се делува убаво и заводливо, сепак бидете внимателни. Некои работи можат да делуваат како илузија.
Ви посакуваме убав и мирен ден.

Овен
Работа
Делувате снаодливо пред вашите соработници, но имате лошо претчувство. Вие не сакате некој да ве стави во непријатна ситуација и не зборувате премногу за вашите намери.
Љубов
Партнерот во моментов нема премногу разбирање за вашите изговори или за нови изговори. Не занемарувај нечии потреби. Бидете искрени доволно, без оглед на позицијата во која сте.
Здравје
Потребен ви е одмор.

Бик
Работа
Имате добра волја и преземате одговорност за конечниот исход во деловните преговори. Без оглед на вашата снаодливост, не можете да контролирате низа настани на деловната сцена ниту вашите соработници.
Љубов
Треба подобро да ја разберете емоционалната слабост или моменталната моќ на некој што ќе одговори на вашите барања. Нема причина да се однесувате надмено во друштво на блиска личност.
Здравје
Проблеми со синусите.

Близнаци
Работа
Вие сте во нешто необична деловна ситуација. Имате впечаток дека некој од вашите соработници го контролира вашиот начин на работа, но од непознати причини. Многу од прашањата што ги имате, засега, остануваат без задоволителен одговор.
Љубов
Не дозволувајте во вас да превлада сомневање во врска со некој близок. Потребна е позитивна ориентација за надминување на моменталната несигурност.
Здравје
Важно е да се опуштите.

Рак
Работа
Вашата инспирација и креативно расположение се чини дека се стимулирачки за животната средина. Ви импонирасознанието дека вашите соработници ве претставуваат како многу успешна или невообичаена личност.
Љубов
Во одредени ситуации, свесно ги користите вашите заводливи манири во однос на блиска личност. Што и да се случи, важно е да ја покажете позитивната страна на вашата личност.
Здравје
Добро се чувствувате.

Продолжува на следната страна…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) УБАВА ПРИКАЗНА ЗА УБАВО ПОПЛАДНЕ: Мајката не можела да го смири бебето во авион па работите ги презел стјуардот!

ПРВИОТ лет со авион со мало дете е доста стресен, особено ако бебето е исто …