(ВИДЕО) Берлинале 2019: Аплаузи на прес конференцијата за екипата на македонскиот филм „Господ постои, се вика Петрунија“

„Берлинале“ објави видео од денешната рпес конференција со екипата на македонскиот филм…
На филмскиот фестивал во Берлин денеска рано, во 9 часот се одржа проекцијата на филмот „Господ постои, се вика Петрунија“ на македонската режисерка Теона Стругар Митевска, а подоцна беше одржана прес конференција со екипата на македонскиот филм.

Според фотографиите и видеата кои мое да се видат на социјалните мрежи, но и од видеото на организаторите,забележлив е големиот интерес за приказната и за начинот на кој се снимал филмот, за идејата…од полната сала за прес конференции, и бројните новинарски прашања.

Присутните во еден момент со голем аплауз ја поздравија екипата на македонскиот филм на „Берлинале“.

Фото: Принстскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …