(ФОТО) Чоколаден гриз колач: Десерт за сите времиња!

Вкус на кој ретко се одолева…
Состојки:
Кора: 8 јајца, 30 лажици шеќер, 30 лажици масло, 30 лажици млеко,30 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 3 лажици какао во прав.
Фил: 1,5 литар млеко, 10 лажици гриз, 200 г кокосово брашно, 100 г шеќер
Глазура: 150 – 200 г млечно чоколадо, 2 – 3 лажици масло,+ рендано млечно чоколадо
Подготовка: прво подгответе го филот – гризот разматете го во малку млеко а остатокот со шеќерот ставете го да се загрева. Кога ќе зоврие додајте го разматениот гриз, сварете густ крем, па додајте кокос. Оставете на ладно да се излади,најдобро покријте со прозирна фолија да не се фати коричка.
Рерната вклучете ја на 180. степени па почнете со подготовка на тестото: сите 8 јајца матете ги со шеќерот, а потоа во густата смеса додајте млеко, масло и на крај брашното во кое сте ги вмешале печивото и какаото. Убаво соединете па половина смеса истурете во поголема округла тава, намачкана со масло и наросена со брашно. Печете околу 40. минути.
Ладниот фил истурете го на полупечената кора и полијте го остатокот од смесата за кора и вратете во рерна додека колачот не биде печен.
За глазурата истопете го млечното чоколадо со масло на ниска температура, со постојано мешање. Полијте преку изладениот испечен колач и нафрлете крупно рендано чоколадо.
Пред служење колачот убаво изладете го а потоа уживајте во фантастичниот вкус.
Совет: Доколку ви се чини дека дозата е преголема намалете на половина и печете во помало округло тавче. За да добиете вака крупни парчиња чоколадо најдобро е тоа да биде на собна температура и наместо да го рендате (може и така) сечете го со нож. Колку подолги ќе се парчињата толку повеќе ќе се виткаат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Наскоро ќе започнат постите: 5. занемарени извори на протеини кои ќе ви помогнат во секојдневието!

Дали знаевте дека вклучување на стотина грама наут во дневното мени го намалува нивото на …