(ФОТО) Поезија од Стефан Марковски објавена на шпански јазик во Мексико,Перу и Шпанија

Песни од македонскиот поет Стефан Марковски деновиве беа објавени во различни формати беа објавени во Мексико, Перу и Шпанија.

Во Мексико песните беа објавени на платформата Primera Pagina Revista во препев на шпански јазик од венецуелската авторка и преведувачка Мариела Кордеро, со илустрации на Аиме Сервантес Флорес.

Објавата во Перу беше реализирана електронски со наслов La frialdad de la tarde (прев. Вечерното студенило) по извадок од еден од стиховите, на еден од позначајните сајтови за поезија во Јужна Америка vallejoandcompany.com.
Во Шпанија песни од Марковски беа објавени на порталот latortugabulgara.com во препев на шпанскиот поет и преведувач Марко Видал Гонзалез кој живее во Софија, Бугарија.
Песните на Марковски беа избор од неговата објавена и необјавена поезија на македонски јазик.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА: Денеска се регистрирани 27. нови случаи на Ковид 19 – 19. лица ја загубија битката

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …