(ВИДЕО) Торта „Полицајка“:Рецепт кој секоја домаќинка би требало да го запише!

Сочните чоколадни кори се полиени со најубав фил…
Состојки:
Кора:4 јајца, 24. лажици брашно (околу 400 г), 24. лажици шеќер, 24 лажици брашно, 4 лажици масло, 2 лажици какао, 1 кесичка прашок за печиво (за калап или тава број 26)Фил: 1 литар млеко, 16 лажици шеќер, 250 г путер, 200 г црно чоколадо за готвење, 1 лажица рум или арома, 1 кесичка ванилин шеќер, 250 г мелени ореви.
Подготовка: кора: убаво изматете ги јајцата со шеќерот, додајте ги млекото и маслото, а потоа и убаво измешаните суви состојки. Смесата префрлете ја во тава покриена со хартија за печење и ставете во рерна загреана на 180 степени, па печете околу 18. минути, но најдобро да проверите со чепкалка дали е готова. Кога чепкалката ќе биде сува значи дека кората е испечена.
Извадете ја кората од тавата, оставете да се излади и исечете на половина. А потоа секоја кора повторно на половина да добиете четири кори.
За филот измешајте ги сите состојки и варете додека се не се истопат состојките, па тргнете од ринглата.
Во калап покриен со фолија ставете ја првата кора па натопете ја со фил и истото повторете го со другите две кори, да го потрошите целиот фил, покријте со 4. кора и оставете преку ноќ да се лади.
На готовата торта можете да ставите глазура од чоколадо, ореви или само наросете со шеќер во прав.
Пријатно!

Izvor: Youtube / Recepti Brigita Husic

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Наскоро ќе започнат постите: 5. занемарени извори на протеини кои ќе ви помогнат во секојдневието!

Дали знаевте дека вклучување на стотина грама наут во дневното мени го намалува нивото на …