(ФОТО) Трагедија:Идентификувано телото пронајдено во авионот – станува збор за Емилиано Сала!

Телото кое е пронајдено во авионот, две недели по негово паѓање, е идентификувано како тело на Емилиано Сала, 28. годишниот фудбалер кој неколку дена пред исчезнувањето потпишал за „Кардиф Сити“ во најголемиот трансфер во историјата на велшкиот клуб.

„Телото кое денеска пристигна во пристаништето и службено е идентификувано како тело на фудбалерот Емилиано Сала“, објавила полицијата во четвртокот навечер.
„Семејствата на Емилиано Сала и пилотот Дејвид Ибостон, кој исто така исчезна во несреќата, се известени и ја имаат поддршката на нашите инситуции во овие тешки моменти додека сите сме со нив во мислите“.

Авионот со едно тело е пронајден во понеделникот. Извлекувањето на телото требало да се спроведе во вторникот наутро, но поради временските услови операцијата службено започнала во попладневните часови.
Авионот кој го превезувал Сала од Нант во Кардиф од радарот исчезнал на 21. јануари околу 20. часот.
Веднаш се посомневало дека поради големото невреме се урнал во морето, а после три дена службената потрага била запрена, после што започнала приватна потрага за која преку интернет се собрани повеќе од 300. илјади евра.

Пријател на Сала: Некој мора да одговара што Сала влегол во тој авион!
Максимилиано Дуарте, еден од најдобрите пријатели на аргентинскиот фудбалер порачал дека некој мора да одговара што Сала отишол на кобниот лет.Дуарте е убеден дека Сала таа кобна вечер не сакал да лета, а тоа го докажува со пораките кои ги разменил со исчезнатиот фудбалер.
„Комунициравме преку СМС, ми напиша дека е уморен и дека немал ниту минута одмор цел ден. Ми рече дека сака да остане во Нант и да се наспие. Буквално напиша – ’Не сакам да патувам денес, сакам да останам и преспијам’“, рекол Дуарте.
„Ако Емилиано не сакал да патува тој некој кој го натерал е одговорен. Некој сигурно стои зад тоа а јас како доказ ги имам пораките во кои пишува дека не сака да оди. Од таа ноќ не можам мирно да спијам. Не сакам ништо да зобрувам но сакам да се дознае кој го натерал да патува во Кардиф таа ноќ“, додал Дуарте.
Пријателот на Сала сите пораки им ги проследил на истражните органи. Се истражува и зошто во последен момент дошло до замена на пилотот и зошто Сала летал со Дејвид Иботсон кој воопшто немал ниту дозвола за комерцијални летови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Со само три урми дневно ќе се заштитите од многу болести

Шеќерот од урмите е најсоодветен за вашите дечиња бидејќи најлесно се вари. Експертите советуваат да …