(ФОТО) Нова програма на Министерство за култура – нови негодувања: Без чувство за востановените вредности (Скопски Џез фестивал,Оффест) ниту за нови оригинални и масовни македонски фестивали (Андерфест)

Како вчера да беше кога медиумите се распишуваа за нелогичностите околу доделените средства на конкурсот на Министерството за култура за Годишна програма…
Мина една година и пристигнаа нови резултати и нови нелогичности.
Тошо Филиповски, автор на единственото капитално дело за македонскиот рокенрол „Рок енциклопедија“ повторно е „најжесток коментатор“ на резултатите и на Фејсбук сподели објава по повод Конкурсот на Министерството за култура за доделување на средства по повод Годишната програма и резултатите од годишните конкурси за проекти од национален интерес…

На објавата на Филиповски реагираше и Оливер Белопета:

„Тоше, од програмата се исфрлени и Jazz Festivalot (Скопскиот) и OFFest, колку за инфо, што значи дека повеќе ќе ги нема…“
Имаше реакции и од издавачки куќи а засега од МК нема никакви одговори на овие негативни реакции.

На веб страната пак на Министерстовот за култура има соопштение за избраните проекти од сите дејности:
„Министерството за култура, во согласност со законот, ги објавува резултатите од конкурсите кои содржат информации за носителот на проектот, краток опис, период и локација на имплементација, побарана и доделена поддршка од страна на Министерството за култура, како и конкретното бодирање на проектите.
За проектите кои се избрани на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година по дејности и области, министерот за култура одлучува по предлог на комисиите, односно надворешните соработници од членот 11 став (4) од Законот за културата, а за нив ќе бидат донесени решенија за проекти кои се поддржани и кои не се поддржани на Годишните конкурси.
Во согласност со член 65 став (5) од Законот за културата, по добиеното решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Жалбата не го одлага извршувањето.
Министерството за култура ќе склучи договор за финансирање проект од национален интерес во културата со субјектите кои се носители на прифатените проекти.

Претседатели на комисиите кои ги разгледуваа сите пристигнати пријави по одделни дејности се: Леонора Сејдиу (интердисциплинарна дејност), Плеурат Гаши (фолклор, музичко-сценска дејност), Бертон Сулејмани (издавачка дејност), Петар Арсовски (драмска дејност), Трајче Блажевски (визуелни уметности), Миле Велчовски (недвижно културно наследство), Мила Шурбановска (музејска дејност и нематеријално културно наследство), Вилдане Идризи (библиотечна дејност)“.

Интересно е што претседателите на комисиите немале слух ниту за востановените децениски музички манифестацино ниту за новите работи кои ќе се случуваат во Македонија а ќе ги ангажираат младите музички уметници. Пример за тоа е фестивалот „Андерфест“ на кој за 3. дена ќе настапат 31. македонски бенд, значи зборуваме за фестивал каков се нема случено на овие простори, а од друга страна се афирмираат младите бендови кои се борат за „свое место на сцената“…
Секоја година нови проблеми…

Фото: Facebook

Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Знаење и искуство на стручњак – СРЦЕВ БОЛЕН САКАЛ С*КС, ПА МУ ОВОЗМОЖИВ БРЗА ПОМОШ ПОД ПРОЗОРЕЦОТ: Доктор Солаковиќ открил провереен ТРИК за ЉУБОВЕН ЧИН! После ова во креветот повеќе ништо нема да биде исто!

Д-р Емир Солаковиќ зборувал за сексот и придобивките од сексот, како и за ризиците што …