(ВИДЕО+ФОТО) Нова трагедија на фудбалери: Млади играчи „живи гореле„ во Бразил

Во тренинг кампот на бразилскиот великан „Фламенго„ избил пожар кој усмртил десет лица.Шестмина биле млади фудбалери. Играчите поради невремето имале слободен ден но останале во клубот бидејќи не биле до Рио де Жанеиро…

Пожарот избил додека играчите спиеле во клубскиот камп Нињо Де Урубу. Уште три лица се
повредени, а засега не е познато колку се тешки нивните повреди.
Како што пренесуваат локалните медиуми, пожарот избил околу 5:10 часот наутро по
локално време, а истиот бил изгаснат после два часа.

Засега се идентификувани загинатите, а во кампот престојувале деца на возраст од 14 до 17 години. Повредените биле пренесени во болница, а причината за избувнувањето на пожарот засега е непозната.
Зградата која припаѓа на академијата на овој славен клуб е целосно уништена во пожарот
што се случи рано утрово.
Во големиот пожар кој го зафатил тренинг кампто на бразилскиот великан Фламенго загинале десет лица. Шестмина кои настрадале се млади фудбалери на возраст од 14. до 16. години, а четворица биле вработени во клубот.

Први идентификувани жртви:
– Артур Винициус де Барос Силва Фреитас (14), во сабота требало да го прослави 15. роденден. Неговото семејство е од Волта Редонде и е на пат кон Рио
– Атила Паксао, имал 14. години
– Бернардо Писета, роден во Санта Катерина
– Виктор Исаиас, роден во Санта Катарина
– Кристиано Есмерио (15), голман, имал неколку покани за младата репрезентација
– Пабло Енрике да Силва Матос (14), роднина на фудбалерот на „Васко де Гама“, Верли. Живеел во кампот а дошол од Минас Гераиса.

Биле идентификувани и другите жртви, но нивните имиња засега не се објавени бидејќи сеуште требало да бидат известени семејствата на настраданите.
Повредени се и тројца играчи, Кауан Емануел Гомес Нунес (15) кој во Рио пристигнал пред три години од Форталеза, Франциско Диого Бенто Алвес 915) и Џонатан Круз Вентура (15). Џонатан е во тешка состојба, 40% од телото му е изгорено.
Играчите кои успеале да преживеат и понатаму пред кампот чекаат вести за своите колеги…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Со само три урми дневно ќе се заштитите од многу болести

Шеќерот од урмите е најсоодветен за вашите дечиња бидејќи најлесно се вари. Експертите советуваат да …