(ФОТО) Голи гради во собрание: Паулина е политичарка која одзема здив!

„Паулина е роден водач, сака да го менува светот, да го направи подобар, таа е жена со чисто срец која ќе ве освои на прва“, вака пријателите ја опишуваат Паулина, со вистинско име Ана Паула да Силва, политичарка која своевремено била градоначалничка на Бомбинхас, гратче во покраината Санта Катарина на југот на Бразил.

Паулина е демократ и во октомври 2018. година е избрана за службена претставничка на споменатата покраина, а нејзината појава во Собранието на многумина им е вистински мелем за очи.

Така било и неодамна кога 43. годишната политичарка, инаку мајка на две деца – Мануела (21) и Мариана (18) – на работа се појавила во провокативен црвен фустан со длабоко деколте.

„Време е за работа“, напишала Паулина на својата Фејсбук страна, каде објавила и неколку атрактивни фотографии.
Секако, ги има и оние кои се згрозени со модниот израз на оваа бринета со бујни гради, но собранието застанало во нејзина одбрана.
„Облеката на госпоѓа Силва беше во склад со нашиот правилник“, се наведува во соопштението.

Ана смета дека е сосема во ред на работа да дојде со деколте. Смета дека луѓето треба да се навикнат на жените во политиката и дека не сака да се менува само затоа што ја избрала таа професија.

„Мој проблем е како ќе бидам облечена“, решително рекла Паулина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …