(ФОТО) Волшебно: Земјата и Месечината „заробени“ во еден кадар

Фасцинантна фотографија е снимена од кинескиот сателит Лонгјианг – 2 на која се гледа ретка перспектива- огромна задна страна на Месечината со „малечката“ планета Земја.
Еве како изгледаат Месечината и Земјата „заробени“ во еден кадар, на фотографијата настаната на 3. февруари оваа година.

Сателитот Лонгијанг – 2 влегол во орбитата на Месечината во јуни 2018. година и лансиран е заедно со кинеската сонда за комуникации „Куекиао“, што било критично за Чанг’е – 4 сондата.
Во јануари Чанг’е – 4 успешно го допрела тлото на спротивната страна на Месечината – онаа која е свртена кон Земјата.
Лонгијанг – 2 имал сателитска придружба, Лонгијанг – 1, кој исто така имала задача да орбитира и ја набљудува Месечината, меѓутоа Кина го загубила контактот со неа, пренесува „Спутник“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Топ 10. намирници за хидратација во летните жештини

Првото нешто на што помислувате во топлите летни денови е чаша ладна вода. И не …