Ексклузивни фотографии од последната сезона на „Игри на престолите“

HBO вчера ги објави првите фотографии од осмата, последна сезона, на „Игри на престолите“, која со емитување почнува во април оваа година.

Ако може да се суди според фотографиите не очекува навистина неверојатна сезона.

Фановите на серијата „Игри на престолите“ со нетрпение ја чекаат премиерата на осмата и последна сезона, која ќе биде емитувана во април оваа година, а една од главните глумици порачува дека крајот е разочарувачки.

И’ понатаму се’ се држи во најголема тајност, а глумците се трудат да откријат што помалку детали, оставајќи ги фановите во исчекување. Една од глумиците, Мејси Вилијамс, неодамна за медиумите изјавила дека завршната сезона е нешто што многумина ќе разочара.

„Мислам дека никој нема да биде задоволен со крајот. Никој не сака серијата да се заврши, дури и јас сакам да ја гледам и многу сум горда на последната сезона. Но, мислам дека многу фанови ќе бидат шокирани со крајот и дека ќе откријат дека нема никаква врска со она што го очекуваа“, рекла Мејси.

Фановите веднаш почнале да расправаат за тоа на кои се начини може да се интерпретира оваа изјава па некои заклучуваат дека треба да се подготват за она најлошото.

Мејси не сакала да открие конкретни детали, па советувала фановите да се стрпат до април бидејќи така ќе уживаат во серијата.

Фото: HBO

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Невиден натпревар со необичен резултат: Гостите играле со седум играчи и загубиле 20:0!

Последното коло од Seria C во Италија донела несекојдневен натпревар… Домашните победил со 20:0, а …