(ВИДЕО+ФОТО) „Далеку од дома“: Двојка во животот и во серијата!

Турската воена драма „Wounded love“ или „Vatanim Sensin“, кај нас преведена како „Далеку од дома“ е првата серија по „1001 ноќ“ откако брачната двојка Халит Ергенч и Бергузар Корел снимаат заедно. Сега во оваа воена драма тие повторно се двојка и на филмското платно.

За приказната како повторно им се случи да бидат на ист проект, раскажаа во едно видео
интервју.

Халит вели дека тој бил прв ангажиран, додека Бергузар не била планирана да биде дел од
серијата но и дека не сакала да го прочита сценариото.

„Тој го имаше сценариото, а сите почнаа да ми викаат да го прифатам проектот, но јас бев
уморна поради ’Карадај’. Постојано ми велеа, ’Дали ја прочита приказната, направи го тоа
за Халит, сакаме да го знаеме твоето мислење?’. Јас кажав, во ред, па тие продолжија ’Има карактер Азизе, таа е ти’, но не сакав да прочитам. Сценариото беше на масата во
нашата кујна и стоеше еден месец таму бидејќи Халит го читаше, но не додржав и почнав и
јас да го читам. Веднаш побарав да ја читам и втората епизода и се вљубив во Азизе. Таа
е комплетно различна’, вели Бергузар, а нејзиниот сопруг Халит кој го игра ликот на
Џевдет вели дека бил освоен на прво читање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Невиден натпревар со необичен резултат: Гостите играле со седум играчи и загубиле 20:0!

Последното коло од Seria C во Италија донела несекојдневен натпревар… Домашните победил со 20:0, а …