(ФОТО Галерија) Прво се „искршил“ на лед а сега добил и една година затвор поради затајување данок!

Португалскиот тренер Жозе Мурињо ја прифатил казната од една година која сепак нема да мора да ја отслужи, и казна во висина од скоро два милиони евра за неплаќање данок која му е пресудена во Шпанија.
На Мурињо му се судело бидејќи на шпанската даночна управа не и ги пријавил сите остварени приходи во 2011. и 2012. година од продажбата на правата на користење на своето име. Тогаш бил тренер на Реал Мадрид.
Според договорот кој го склопиле Мурињо, даночната управа и обвинителството едногодишната казна затвор е преиначена во казна до 182.500 евра. Освен тој износ, бившиот тренер кој е без клуб од декември кога добил отказ во Манчестер Јунајтед, мора да плати уште два милиони евра казна.

Жозе Мурињо на натпреварот на Авантгард и СКА Ст. Петерсбург

Освен Мурињо уште некои фудбалски ѕвзди се осудени за затајување данок во Шпанија. Неговиот сонародник Кристиано Роналдо пред две години е осуден на две години затвор, кои исто така нема да мора да ги отслужи, и на казна во висина од 3,2 милиони евра.
Аргентинецот Лионел Меси, играч на Барселона, во 2016. годиан е осуден на 21. месец затворска казна и казна од два милиони евра.
Никој од нив своите казни нема да ги мине во затвор бидејќи шпанскиот закон за порано неосудувани прекршители предвидува поштеда од затвор ако им е досудена казна од две години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Знаење и искуство на стручњак – СРЦЕВ БОЛЕН САКАЛ С*КС, ПА МУ ОВОЗМОЖИВ БРЗА ПОМОШ ПОД ПРОЗОРЕЦОТ: Доктор Солаковиќ открил провереен ТРИК за ЉУБОВЕН ЧИН! После ова во креветот повеќе ништо нема да биде исто!

Д-р Емир Солаковиќ зборувал за сексот и придобивките од сексот, како и за ризиците што …