(ВИДЕО+ФОТО) Генијални Норвежани: Патувањето по џиновските „цевки“ под вода ќе заштеди 10. часови возење

Норвежаните сметаат дека плутечкиот тунел ќе биде вистинска атракција, токму како
Ајфеловата кула. До денеска е завршено 10. проценти од проектот, но до 2050. се планира
завршување на работите. А цената? Вистинска ситница – 37.500.000.000 (37.5) милијарди
долари.

Возењето по автопатот Е39 по западниот брег на Норвешка, од Кристијансен до Трондехајм,
пружа нестварно убави глетки. Околу 1100 километри од патот е со поглед на реки и езера,
водопади, планини и фјордови и е уживање за очите.Но, ако повнимателно ја погледнете картата ќе видите линии со точки на седум фјордови каде возачите мораат да чекаат траект за да преминат. Со стоење и прекинување на возењето патувањето може да трае и до 21. час.

За да на возачите им овозможат побргу да стасаат до целта норвешката влада има план. Со
проектот „Е39 без траект“ времето на возење би се преполовило благодарение на новите мостови и тунели. Еден од тунелите ќе постави и светски рекорд. Ќе се наоѓа под фјорд,на длабочина од 40. метри и ќе биде долг 28. километри.
Со длабочина од 4265 метри Согнефјорд има потреба од нешто што светот не го видел: потопен плутачки тунел. Ќе изгледа како дивовски цевки поставени помеѓу едната и другата страна на фјордот на околу 40. метри под површината – доволно ниско и најголемите бродови да можат да минат.

Фјордовите кои го успоруваат патувањето

Тунелот не смее да биде поставен премногу ниско за да можат одоздола да минуваат подморниците. 50. меѓународни стручњаци спроведуваат детални истражувања, ја мерат брзината на ветерот, висината на плимата и ги проверуваат подводните клизишта за да тунелот биде сигурен. Две бетонски цевки од тунелот, по една за сообраќај во секој правец, ќе бидат поставени и прицврстени за плутачките понтони, оддалечени 250. метри за да може да се овозможи минување на бродовите.

Норвешка веќе има 1170 тунели, од кои 37. подводни, а со новиот проект сакаат да ги поттикнат трговијата и туризмот. Освен тоа сметаат дека плутачкиот тунел ќе биде вистинска атракција, токму како Ајфеловата кула. До денес е завршено 10 проценти од проектот, но до 2050. година се планира да се завршат сите работи. Вистинска ситница – 37.500.000.000 (37.5) милијарди долари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …