(ВИДЕО) „Екстра бенд“ ви ја преставуваат новата песна

Момците од „Екстра бенд Скопје“ повторно со пријатно изненадување за својата публика и љубителите на новосоздадената народна македонска песна.
„За мили чеда, свадби да правам“ е насловот на новата авторска песна на бендот, каде како комплетен автор се потпишува докажаниот Златко Миладиновски.
„Ова не е наша прва авторска песна. Не радува тоа што публиката која ја следи нашата работа, било да е на настапите, емисиите каде гостуваме или на социјалните мрежи, позитивно реагира на секој наш нов проект, а тоа ни е голем мотив, после промоцијата на оваа песна, која сакаме да допре до секој љубител на нашата народна музика, да продолжиме во оваа нова 2019 година со уште проекти кои сакаме да ги реализираме“, велат момците од бендот.
„Екстра бенд Скопје“ зад себе имаат авторска музика, свои музички шоу програми со внимателно одбрани народни македонски песни и гостувања, не само по македонските телевизиски канали кои ја поддржуваат нашата музика, туку и надвор од границите на нашата земја, односно во соседна Србија, каде се чести гости во студиото на „Гранд продукција“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Бегство од Шошенк“ – после 27. години е оценет како најдобар филм на сите времиња

Пред 27 години филмот „Бегство од Шошенк“ за првпат беше прикажан во кината, а според …