Славниот актер Алек Болдвин со втората сопруга Хиларија има четири малечки деца.
Алек (60) гостувајќи во емисијата кај Елен Деџенерис признал дека сака уште деца.
Актерот од првиот брак со актерката Ким Бесингер има возрасна ќерка, а неговата сегашна сопруга Хиларија, сака уште едно девојче.
Алек се пошегувал со Елен, дека во еден момент имале дури 11 различни колички во домот. Во интервјуто се приклучила и Хиларија, коа рекла дека нивната најстара ќерка сака да има сестра.
„Што ако се испостави дека повторно е момче?“, прашала Елен, а Хилари рекла дека таа и понатаму би се обидувала да добие девојче.
Парот има 5-годишна ќерка, Кармен и три момчиња: Рафаел (3), Леонардо (2) и 8-месечниот Ромео.