(ФОТО) „Пустински здив“: Нестварна инсталација среде Сахара

Среде египетската пустина Сахара се наоѓа необична формација која на прв поглед делува како да ја направиле некои вселенски битија, но „Пустински здив“ е сепак овоземска уметничка креација за која се одоговрни неколку уметници.

„Пустински здив“ е проект на уметничкиот тим D.A.ST. Arteam. кои во 1995. година го основале Дани Страто (уметник), Александра Страто (индустриски дизајнер и архитект) и Стела Константинидес (архитект).

Инсталацијата зазема подрачје од 100.000 м2, а сместено е во источниот дел на Сахара, во Ел Гуона, Египет. При изградбата биле преместени 8.000 м3 песок за да се создадат прецизни конуси кои прават две одвоени спирали кои се движат од зедничко средиште. Центарот на спиралите е базен полн со вода, со обем од 30 метри, обликувано како буквата W.

Изградбата на „Пустински здив“ е завршено во март 1997. година. Инсталацијата сеуште постои, но постепено се распаѓа. Ќе остане видлива се’ додека пустинскиот ветер не ја избрише потполно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …