(ВИДЕО) Непечена „Шехерезада торта“

Комбинација на бисквити и два вида фил што се топи во уста…
Потребно е:
2 пакување турски бисквити (600 г)
Чоколаден фил: 1 литар млеко, 4 кесички пудинг од чоколадо со арома на лешник (или обичен пудинг од чоколадо + арома од лешници, по вкус), 10 лажици шеќер, 250 г маргарин.
Шлаг фил: 500 г шлаг, 1 литар млеко
За покривање: 150 г шлаг, 300 мл млеко, 1 лажичка арома од ванила
Подготовка:чоколаден фил: пудинзите со 10 лажици шеќер сварете ги во млекото и оставете покриено со прозирна фолија, потполно да се излади. Потоа матејќи поврзете го со кремасто изматениот маргарин и се’ заедно матете да добиете лесна и воздушеста смеса. По потреба додајте шеќер во прав. Филот поделете го на три дела.
За шлаг фил: изматете го шлагот со млекото и поделете на три дела.
Бисквитите редете гиво калап со страни што се вадат или округла тава или во тепсија која ќе ја обложите со прозирна фолија. Бисквитите не треба да ги натопувате,ќе омекнат додека тортата стои во фрижидер.
Нанесете 1/2 од шлаг кремот, потоа 1/3 од чоколадниот крем, потоа повторно ред бисквити. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите материјалот, а завршете со ред бисквити.
Тората оставете ја, најдобро преку ноќ, во фрижидер.
Ако тортата сте ја правеле во тепсија тогаш откако ќе отстои покријте ја тепсијата со тацна и превртете.
Украсете по желба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …