(ФОТО) Српски дедо добил на Бинго, но кога дошол по парите бил во „шок“ а ја расплакал продавачката на што ќе ги потроши парите!

Една продавачка на Бинго ливчиња од соседна Србија споделила приказна на Твитер за која, како што вели “и’ го направила денот, но и ја расплакала”.
Таа опишала како еден дедо дошол по својата бинго добивка, за која најпрвин мислел дека добил многу помалку пари, а кога дознал колкава е всушност добивката, открил на што ќе ја потроши.
“Денеска еден дедо дојде да подигне 19. илјади динари од бинго, но се воспостави дека наградата е 129. илјади динари. Тој седна и почна да плаче од среќа со зборовите ’сега ќе можам да и’ подигнам споменик на сопругата, таа почина минатата година во мај’. Сите во продавницата плачевме”, напишала таа.

Дополнително напишала и дека дедото останал шокиран од сумата која што ја добил.
“Мислеше дека наградата е многу помала. Драго ми е што ја доби тој, а не некој кој е ’полн како брод’. Постојано доаѓаат такви. Ми кажа дека не знаел како да и’ подигне споменик на нивната годишнина. Тажно, но сепак некој од горе гледа се… Веројатно заслужил да добие “помош”. Ќе беше поубаво доколку таа беше жива, да отидат на бања со тие пари”, заклучила продавачката, а луѓето на Твитет потполно се согласиле со неа..

„Солзи ми идат. Мило ми и кармата да пронајде пат до добрите луѓе“, „Па после некој нека ми каже дека не постои љубов и разбирање“, пишувале помеѓу останатото на Твитер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Жабуркајте ја оваа течност 60. секунди во устата и сите „наслаги“ од забите ќе исчезнат

Сите ние сакаме да ја задржиме хигиената на устата и да имаме што е можно …