(ВИДЕО+ФОТО) „Еден на Еден“ ќе го угости Жељко Самарџиќ: Искрено за животот, убавините но и проблемите!

Откако го промени имиџот ретко кој го препознава кога првпат ќе го види, а Жељко Самарџиќ вели дека некогаш и самиот не може да ја гледа својата брада во огледало.

„Посебно кога имам мамурлук, па е целата бушава“, се смее пејачот на каучот кај Жаре.
Во новата епизода на „Еден на Еден“, Самарџиќ зборува за многуте турнеи низ светот, но посебно ги памети оние низ Русија.

„Кога никој на овие простори не знаеше за мене, јас снимив преку три милиони плочи во Русија“, раскажува тој. Самарџиќ рече дека е на диета и дека верува дека до концертот во Скопје, на 16 февруари, ќе има 10 килограми помалку. Во „Еден на Еден“ тој зборува и за неговото детство и семејството, а не пропушти ни да запее нешто специјално за публиката на емисијата.

Не го пропуштајте Жељко Самарџиќ во „Еден на Еден“, оваа недела од 18:30 часот на Канал 5 телевизија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Новак Ѓоковиќ – од пораз до победа за финале со Циципас: „Бев во безизлезна ситуација затоа победата има поголемо значење!“

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ после победата над Гаел Монфис (2:1) истакнал дека се’ …