(ВИДЕО) Крајот на „Игри на престолите“ многумина ќе разочара

Фановите на серијата „Игри на престолите“ со нетрпение ја очекуваат премиерата на осмата и воедно последна сезона на серијата која ќе биде емитувана во април оваа година, а една од главните глумици порачува дека крајот е разочарувачки.
И’понатаму се’ се чува во длабока тајност, а глумците се трудат да откријат само малечки детали, оставајќи ги фановите во исчекување. Една од глумиците, Мејси Вилијамс неодамна за медиумите изјавила дека завршната сезона е нешто што многумина ќе разочара.

„Мислам дека никој нема да биде задоволен со крајот,. Никој не сака серијата да заврши, дури и јас сакам да ја гледам и многу сум горда на последната сезона. Но, мислам дека фановите ќе бидат шокирани со крајот и дека ќе откријат дека нема никаква врска со она што го очекуваа“, рекла Мејси.

Фановите веднаш почнале да расправаат за тоа на кои се начини може да се интерпретира оваа изјава и некои заклучуваат дека треба да се подготвиме за она најлошото. Мејси не сакала да открие конкренти детали (а и според одговорот не смее) па ги советувала фановите да се стрпат до април бидејќи тогаш ќе можат да уживаат во серијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Ѕирнете во гламурот на „кралската небеска палата“: Ова е најлуксузниот авион на светот!

Пред пет години „Four Seasons” ја дизајнирал луксузната атракција „Private Jet Experience”. „Кралската палата на …