(ФОТО) Средба после 32. години:Еве како ѕвездите на еден од најпознатите еротски трилери изгледаат денес

Глен Клоуз и Мајкл Даглас се потсетиле на некои дамнешни времиња и заедничкиот филм „Фаталнаа привлечност“ кој им донел светска слава.
Холивудските ѕвезди Мајкл Даглас и Глен Клоуз обожавателите засекогаш ќе ги памтат по возбудливите улоги во филмот „Кобна привлечност“, своевеиден психолошко-еротски филм од 1987. година.

После повеќе од три децении од номинациите за дури шест престижни филмски награди, Оскар, Глен и Мајкл повторно се сретнале на сцената и тоа како презентери на доделувањето на САГ наградите во Лос Ангелес.

Љубовниците од големиот екран не ја пропуштиле приликата да се потсетат на филмот кој заедно го снимиле пред толку време.

„Поминаа 32. години од снимањето на ’Фатална привлечност’ и 25. години од основањето на оваа награда, минавме бројни промени во нашата работа, индустрија, начинот на кој сме поврзани едни со други и со светот. Но, една константа која ни користи е задоволството на постоењето, не обединува задоволството што сме дел од нешто волшебно“, изјавил Мајкл на бината.

А оваа двојка на сцената не се затекнала само во презентерските улоги. Имено, Глен и Мајкл биле номинирани за добитници на САГ наградата, која на крај глумицата и ја освоила за извонредното актерско остварување во категоријата главна женска улога во филмот „The Wife”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(Рецепт) Манастирски напиток кој „крева од мртви“

Сè ќе ви биде јасно кога ќе ви кажеме дека главните состојки на лековитиот манастирски …