(ФОТО) После седум години врска и три сина дошло време за венчавка: Серхио Рамос решил да се ожени!

Капитенот на Реал, Серхио Рамос (32) после седум години врска пред олтар ќе ја однесе својата партнерка Пилар Рубио (40). Венчавката е закажана за јуни, а првите покани ги добиле фудбалерите на Реал Мадрид.

Рамос ги поделил на тренинг и никог не изоставил. Покрај Реаловци на свадбата на Рамос се очекуваат и соиграчи од репрезентацијата на Шпанија.
Серхио и Пилар, една од најубавите жени на светот, се запознале после Европското првенство во 2012. година, а имаат три сина. Најстариот Серхио е роден во 2014. година, Марко пристигнал една година подоцна а најмладиот Алехандро има девет месеци.
Убавата новинарка и глумица од Серхио е постара осум години, а фудбалерот ја побарал за жена летоска.

На поканите би требало сите да одговорат со присуство бидејќи венчавката ќе биде организирана после завршувањето на сезоната, кога играчите немаат професионални обврски.

Голема улога во церемонијата ќе имаат и нивните синови кои ќе бидат задолжени за носење на прстените.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …