(ВИДЕО+ФОТО) По успехот на „Макфест“ Ивона сними спот за „Убав е овој свет“

Ја следевме во нејзините обиди на „Ѕвездите на Гранд“, но се чини дека реши дека е најдобро дома па со макфестовската „Убав е овој свет“ потврди дека има гласовни квалитети кои ги надминуваат оние од жирито на „Гранд“ и „дома си е дома“…
Макфестовската тема на Ивона Јовановиќ „Убав е овој свет“ доби свое видеоиздание кое го изработија Давид Радичевски, познат на широката јавност како David Black, Александар Ризински и Александар Комненовиќ.
Спотот за четири часа од поставувањето на Јутјуб го видоа повеќе од 5.000 луѓе, а досега посетеноста е нешто помалку од околу 60.000 луѓе.


„Верувам дека оваа бројка постојано ќе се зголемува со оглед на фактот што луѓето ја пеат во еден глас на моите настапи. ’Убав е овој свет’ е дело на Филип Неделковски, а аранжманот го направи Дарко Тасев. Досега имам преслушано многу песни, напишани за мене од многу автори. Но, сите ги одбив, затоа што ниедна не го разбуди во мене ’она нешто’кое со зборови во овој момент не би можела да ви го објаснам. Стигна сосема спонтано до мене , ме освои на прво слушање и реков тоа е тоа. ’Убав е овој’ свет е моја. Знаев дека е за ’Макфест’, и дека сакам да снимам спот за истата.Така и се случи“, вели Ивона.

Инаку, Ивона Јовановиќ со музика се занимава од дете. На јавноста и стана позната по учеството во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Има свој Јутјуб канал на кој објавува смешни видеа во кои со нејзиниот пријател Марио Арангеловски го споредуваат светот со Македонија, објавуваат видеа во кои го споделуваат нивното искуство,а на младите често им делат совети за шминкање.

View this post on Instagram

Најчесто вакви постови ,, пред и потоа'' гледате кога првите слики ќе се заменат со последните. Но јас имам обратна ситуација, каде што можете да ја видите разликата. Огромна е. Но не е само физичкиот изглед различен на овие фотографии. Јас сум различна. Да не се разбереме погрешно, на сите 4 слики самодовербата е видна. Но јас сум здрава на првите 2 фотографии. Здрава и згодна! Затоа едвај чекам, последната фотографија да ми биде слика со која ќе ја покажам мојата состојба ,, пред''. Искрено мислев дека никогаш нема да соберам храброст да објавам ваква фотографија, но при процесот на слабеење освен физички што го обликуваш твоето тело, се обликуваш и ментално. Па заради тоа и решив да випокажам вам, а пред се на себе си дека тогаш сум можела. Можам и денес! Од каде вие денес добивате инспирација, кои инстаграм профили?

A post shared by Ivona Jovanovic (@ivonajo) on

Ивона неодамна објави искрен статус на фб и инстаграм наменет за девојките со поголема килажа .
„Објавив моја фотографија со моите вишок килограми и реков:Што ако вие имате помалку килограми, а јас имам точно толку колку што треба. А колку треба? Никогаш не ми било јасно кој тоа диктира колку треба да имаме килограми за да бидеме ’нормални’ и прифатени од општеството. За жал килограмите и изгледот во 21. век се битни и акцентот е ставен на нив. Се прашувам до кога. Се борам да им докажам на луѓето, а посебно на младите, дека изгледот е само еден дел од целокупниот производ. Но не и најважен“, потенцира Јовановиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …