(ВИДЕО+ФОТО) Непобедив: Новак Ѓоковиќ во финале на Австралија Опен!

Новак Ѓоковиќ ќе се бори за седмата титула на Австралија Опен! Најдобриот тенисер на светот за само еден час и 23. минути го совлада Лука Пуј со 6:0, 6:2, 6:2.
Новак го задржа ореолот на непобедливост во полуфиналето на турнирот во Мелбурн, па по седми пат ќе се бори за трофејот. Ѓоковиќ за трофејот ќе игра првпат после 2016. година.

Доколку во големото финале го совлада Рафаел Надал, Ѓоковиќ ќе биде најтрофеен тенисер на првиот Грен слем во сезоната, бидејќи ќе ги надмине Рој Емерсон и Роџер Федерер.

Новак го надигра Пуј во секоја смисла. На моменти се чинеше дека не станува збор за полуфинале на еден од најголемите тениски турнири. Првиот тенисер на светот одлично се движеше, ритернот му беше убиствен, ударите длабоки и прецизни, па лесно дојде до триумф и на противникот му даде само 4. гема.

Колку бил сигурен првиот тенисер на светот покажува и податокот дека направил само пет неизнудени грешки со 254. винери.

Во многу му помогна и слабат игра на Французинот кој многу лошо сервирал, а ова свое прво полуфинале на Грен слем сигурно нема да го памти по добор.

Финалето ќе се игра во недела, а дали ќе биде надминато она историското останува да видиме…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …