Не пушете блиску до деца – ниту повремено: Сериозно го нарушувате нивното здравје

Дури и ако само повремено палите цигара блиску до деца го загрозувате нивното здравје во подоцнежна возраст,потврдила новата студија…
При тоа не е важно дали тоа го правите редовно или само повремено. Научниците во Финска 26. години го следеле здравјето на децата чии родители биле пушачи. Кај таа популација на деца се открило дека се изложени на четири пати поголем ризик од заболување од артеросклероза во возрасен период.
Изложеноста на дим во текот на бременоста и раното детство може да има сериозни последици. Атероскерозата е здебелување на ѕидовите на артериите кое може да се манифестира со кардиоваскуларни болести како срцев или мозочен удар.
Бидејќи научниците ги исклучиле останатите фактори на ризик како дебелина, без сомневање кај споменатата група деца утврдиле зголемен ризик од развој на атеросклероза поради пушачките навики на родителите.
Студијата покажала и дека нема скоро никаква разлика дали родителите се постојани или повремени пушачи, но голема разлика правело тоа дали пушеле во присуство на деца или не.
Ако пушеле на одредена оддалеченост од децата, ризикот бил значително помал, но и понатаму двојно поголем отколку кај децата чии родители не се пушачи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …