(ВИДЕО) Надал супериорен против Циципас: Најголемата сензација на АО на колена пред Шпанецот!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со убедлива победа над Гркот Стефанос Циципас – 6:2, 6:4, 6:0 – се пласираше во финалето на првиот годинешен Грен слем – Австралија Опен.
Шампионот на Мелбурн од 2009. година,полесно отколку што се очекувало го елиминирал Циципас за само еден час и 46. минути игра.


Колку бил доминантен тенисерот од Мајорка против најголемото изненадување на турнирот најдобро покажува податокот дека на крај освоил девет врзани гемови.

Надал кој ќе игра свое петто финале на Австралија Опен, сега го чека подобриот од утрешниот дуел помеѓу Новак Ѓоковиќ и Лукас Пуј, кое се игра во 09.30 часот.
Финалето на програмата е во недела.
Рафаел Надал ќе се бори за 18. Грен слем титула.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …