(ВИДЕО) Тајландски готвачи работат и уживаат со македонска песна!

Кога слушате убави ритми не е важно дали се „ваши“ или странски, туку ве понесуваат и си работите со песна…
Токму тоа им се случиле на двајца тајландски готвачи кои работат во Сиднеј, поточно во ресторан на Македонец.
Битолчанецот Иле Моша во Сиднеј е сопственик на ресторан. Во овој македонско-тајландски ресторан се служи македонска скара, но и тајландски специјалитети.
Токму готвачите кои се задолжени за „таи храна“ направиле атмосфера која како „зараза” се шири по социјалните мрежи.
Додека ги приготвувале порциите тие ја пееле песната „Tи само ти” од Марјан Коцев, а нивната изведба ќе ве насмее до солзи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) НИШТО НЕ РЕШИЛ: Принцот Хари се вратил во Калифорнија и тоа еден ден пред 95. роденден на кралицата!

Иако се шпекулираше дека Хари ќе го продолжи престојот во татковината и ќе го прослави …