(ВИДЕО+ФОТО) АО: Новак Ѓоковиќ во полуфинале: Нишикори предаде во вториот сет!

Првиот тенисер во светот, Новак Ѓокоивќ, се пласира во полуфиналето на Австралија Опен откако Кеи Нишикори му го предаде четирифиналниот дуел при резултат 6:2, 4:1 и само 49. минути минати на теренот на Род Лејвер Арена.
Првиот играч на светот доминираше против тенисерот кој пред само два дена на теренот беше повеќе од пет часови, а како минуваше времето беше јасно дека Нишикори нема да може да издржи.

Новак во петок во полуфиналето ќе се сретне со Лука Пуј кој во четири сета беше подобар од Милош Раониќ.
Ѓоковиќ добил 18. од вкупно 20. дуели против Јапонецот, во серија е од 16 триумфи, а последен пат Нишикори загубил во 2014. година на УС Опен.
Првиот играч на светот до пласманот во полуфинале загуби само два сета (по еден од Шаповалов и медведев).


Ѓоковиќ минатата година бил запрен во четвртото коло, а титулата на Австралија Опен ја освојувал шест пати. Новак по седми пат стасал меѓу најдобрите четиримина во Мелбурн, првпат од 2016. година и е на трето место на вечната листа на која се изедначил со Иван Лендл.
Интересно е дека секогаш кога Ѓоковиќ ќе дошол до полуфиналето ја освојувал титулата.

https://twitter.com/AustralianOpen/status/1088000798116720643/photo/1

Исто така, Ѓоковиќ во Мелбурн стасал до 34. Грен слем полуфинале, а повеќе ги има само Роџер Федерер.

Во второто полуфинале ќе се состанат Рафаел Надал и Стефанос Циципас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ДЕНЕС Е НЕГОВИОТ ПОСЛЕДЕН НАТПРЕВАР- Серхио Рамос си заминува од Пари Сен Жермен, се прости со емотивна порака

Шпанскиотфудбалер Серхио Рамос ќе го напушти Пари Сен Жермен и нема да потпише нов договор, …