(ФОТО) Ѓоковиќ го затворил тренингот за јавност пред мечот со Нишикори!

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ решил да тренира без присуство на навивачи и камери, ден во пресрет на мечот во четирифиналето на Австралија Опен.
Ѓоковиќ, кој за противник во среда наутро од 09.30 часот по наше време, го има Јапонецот, Кеи Нишикори, имал термин за вежбање од 16. часот по локално време.
Требало да тренира на теренот број 16, на кој главно и работел изминатите денови, но членовите на неговиот стручен тим одлучиле дека е подобро да го одложи тренингот неколку часа и потоа да работат без присуство на публика.
Секако, такво нешто не е ниту малку необично, посебно во завршната фаза на турнирот. Сепак,за љубителите на тенисот во регионот, најважно е да имаат информација за тоа како Новак се чувствува после мечот во кој за четири часа го победил Даниел Медведев.


Новак подоцна на концференцијата за медиуми се пожалил дека бил малку уморен во самиот финиш на мечот и дека почувствувал извесна непријатност во грбот.
Тој делувал доста самоуверено велејќи дека дошол подоцна на прес затоа што морал да го одработи опоравувањето после мечот, бидејќи од искуство знае што е неопходно да направи за да се најде во таква ситуација како што било во понеделникот.
Тој исто така изразил уверување дека ќе има доволно време физички да се опорави за средбата со Нишикори кои е во уште потешка позиција од него бидејќи два пати играл по пет сета, додека во првото коло Пољакот, Мајчрак, му го предал мечот во петтиот сет при резултат 3:0 за Јапонецот.
Во меѓусебниот скор Ѓоковиќ против Нишикори води со 15:2, а во Австралија играле само еднаш, исто така во четирифинале, кога Новак славел во три сета.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ДЕНЕС Е НЕГОВИОТ ПОСЛЕДЕН НАТПРЕВАР- Серхио Рамос си заминува од Пари Сен Жермен, се прости со емотивна порака

Шпанскиотфудбалер Серхио Рамос ќе го напушти Пари Сен Жермен и нема да потпише нов договор, …