(ФОТО) Утре премиера на „Крал Иби“ во Драмски театар:Претстава за алчноста и моќта за власт како „болести“ во модерниот свет

„Крал Иби“ од Алфред Жари, текст кој е стар 122 години утревечер, среда, на 23 јануари во 20 часот во Драмски театар, премиерно ќе се изведе како експериментална и современа поставка, во режија на Васил Христов.

Францускиот автор Алфред Жари претставува предвесник на Надреализмот во театарот како и основоположник на Театарот на апсурдот. Неговото култно дело Крал Иби се третира како првата модерна авангардна драма во театарската традиција која веднаш по нејзиното поставување на сцена го сврте вниманието на публиката кон артифициелноста на театарските конвенции.
Овој текст е еден од првите три стилизирани бурлески каде Жари ги исмева и покажува аномалиите на модерното време.

Преку главниот протагонист Татко Иби во една структура на гротескна пародија на Шекспировиот Магбет, плашливецот Крал Иби, претставникот на буржоазијата е прикажан како некој кој бескурпулозно гази се пред себе за да ги достигне своите цели. Иби е метафора за тој модерен човек, кој е прикажан како грд, вулгарен, алчен грандиозен, нечесен, глупав, незрел, зол и кукавица. Истовремено авторот става акцент и ги издвојува алчноста и моќта за власт како „болести“ во модерниот свет.

Денес, 122 година од првата изведба на Крал Иби, повторно се навраќаме на него заради неговата оригиналност и провокативност. Кај Жари вулгарната гротеска се интерпретира како авторско-режисерско-актерска дистанца и коментар за не-вредностите на современиот човек. Крал Иби е извор на многубројни како теоретски така и практични истражувања и мотив за градење на цели идејни движења во градењето на театарската естетика на дваесеттиот век, вели режисерот Христов.

Во претставата играат: Игор Ангелов, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Софија Куновска, Предраг Павловски, Јана Стојановска, Долорес Поповиќ, Катерина Шехтанска-Лаковски, Маја Вељковиќ-Пановска, Емилија Мицевска, Тамара Ристовска и Игор Георгиев.

Сценографијата е на Тодор Даевски и на Христов а костимите на Розе Трајчевска-Ристовска

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Ѕирнете во гламурот на „кралската небеска палата“: Ова е најлуксузниот авион на светот!

Пред пет години „Four Seasons” ја дизајнирал луксузната атракција „Private Jet Experience”. „Кралската палата на …