(ВИДЕО) Шубара торта: Сочен десерт кој се топи во уста!

Комбинација од натопени чоколадни корички, млечен фил со арома на ванила и бело чоколадо, чоколадна глазура и кокос…
Сочна торта која се топи во уста. Многу сличен рецепт по кој се прават и оние мини шубари или руски капи, па ако ги сакате и оваа торта ќе ви биде омилена. Наместо кокос наоколу може да се стават и мелени ореви.Комбинација од натопени чоколадни корички, млечен фил со арома на ванила и бело чоколадо, чоколадна глазура и кокос.
Состојки:
Кори: 6 јајца, 8 лажици шеќер, 100 мл масло, 100 мл млеко, 3 лажици какао во прав,8 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво.
Фил: 1 литар млеко, 8 лажици брашно (или 5 лажици брашно, 1 кесичка пудинг од ванила), 6 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 100 г бело чоколадо, 125. г маргарин, 150 г шеќер во прав.
Глазура:100 г црно чоколадо, 50 г маргарин
За натопување на корите: 200 мл ладно млеко
За наросување: 80 – 100 г кокосово брашно
Подготовка: прво подгответе калап со обем од 28. сантиметри и вклучете ја рерната на 180 степени. Кори: изматете ги јајцата со шеќерот. Кога ќе добиете густ крем напоредно додавајте ги млекото и маслото. Посебно измешајте ги и исејте какаото, брашното и печивото па додајте во смесата. Се’ лесно измешајте и истурете во калапот обложен со хартија за печење. Ставете во рерна и печете околу 40. минути. Испечената и изладена кора исечете ја на половина, да добиете две кори.

Фил:800 мл млеко ставете да зоврие со шеќерот и ванилиниот шеќер. Во останатото место изматете го брашното (или брашното и пудингот) и додајте во врелото млеко. Варете додека не добиете густ крем. Тргнете од ринглата и додајте го белото чоколадо искршено на коцки. Убаво измешајте чоколадото да се стопи. Кремот префрлете го во друг сад, покријте со прозирна фолија (да не се фати коричка) и оставете да се излади.
Изматете го маргаринот со шеќерот во прав во пенестата смеса полека додавајте до ладниот крем. Изматете лесен и воздушест фил.
На чинија за служење ставете една кора, натопете ја со 100 мл млеко. Нанесете го филот (една шолја оставете на страна за да намачкате од околу),покријте со втората кора, и’ неа натопете ја со 100 мл млеко. Оставете ја тортата во фрижидер убаво да се излади. Потоа намачкајте од сите страни со одвоениот фил и нанесете го кокосот. По површината ставете ја чоколадната глазура
Повторно вратете во фрижидер, убаво да се излади, па послужете.

Foto: Youtube Printscreen / Serpica

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …