(ФОТО) Репертоар на Драмски театар од 21. до 31. јануари

23 Јануари 20:00 Крал Иби
Францускиот автор Алфред Жари претставува предвесник на Надреализмот во театарот како и основоположник на Театарот на апсурдот. Неговото култно дело Крал Иби се третира како првата модерна авангардна драма во театарската традиција која веднаш по нејзиното поставување на сцена го сврте вниманието на публиката кон артифициелноста на театарските конвенции.

Овој текст е еден од првите три стилизирани бурлески каде Жари ги исмева и покажува аномалиите на модерното време. Преку главниот протагонист Татко Иби во една структура на гротескна пародија на Шекспировиот Магбет, плашливецот Крал Иби, претставникот на буржоазијата е прикажан како некој кој бескурпулозно гази се пред себе за да ги достигне своите цели. Преку овој централен карактер кој е познат по неговиот апсурдно инфантилен однос кон светот и кој поседува алчна потреба по низа задоволства, авторот ни ја презентира неговата слика за модерниот човек. Во таа смисла Иби е метафора за тој модерен човек, кој е прикажан како грд, вулгарен, алчен грандиозен, нечесен, глупав, незрел, зол и кукавица. Истовремено авторот става акцент и ги издвојува алчноста и моќта за власт како „болести“ во модерниот свет.
Денес, 122 година од првата изведба на Крал Иби, повторно се навраќаме на него заради неговата оригиналност и провокативност. Кај Жари вулгарната гротеска се интерпретира како авторско-режисерско-актерска дистанца и коментар за не-вредностите на современиот човек. Крал Иби е извор на многубројни како теоретски така и практични истражувања и мотив за градење на цели идејни движења во градењето на театарската естетика на дваесеттиот век.
Играат:Игор Ангелов: Тато Иби
Биљана Драгиќевиќ Пројковска: Мама Иби
Зоран Љутков: Бордир
Сања Арсовска: Бугрелав
Филип Трајковиќ: Офелија
Софија Куновска: Кралицата
Предраг Павловски: Кралот
Јана Стојановска: Болеслав
Долорес Поповиќ: Ладислав
Катерина Шехтанска Лаковски: Вештерка I
Маја Вељковиќ Пановска: Вештерка II
Емилија Мицевска: Вештерка III
Тамара Ристовска: Народот
Игор Георгиев: Наратор

25 Јануари 20:00 Фестен

Драмата FESTEN од Дејвид Елдриџ е всушност адаптација на филмското сценарио со истоимен наслов, чии автори се Томас Винтерберг, Могенс Руков и Бо. Хр. Хенсен за првиот ДОГМЕ филм снимен во 1998 година. Драмскиот текст е напишан и праизведен во Алмеида театарот во Лондон во 2004 година и со голем успех изведуван на многу европски и светски театарски сцени. Во Македонија, овој современ, атрактивен материјал за работа, дури сега ја доживува својата праизведба.
FESTEN или ПРОСЛАВА е драма која се занимава со расчистување со хипокризијата на „здравото“, „големо“ патријархално семејство, преку следење на настаните на една семејна прослава во која се одбележува шеесеттиот роденден на таткото Хелге. Прославата се одвива во мрачната сенка на самоубиството на една од ќерките на Хелге, близначка со неговиот постар син, Кристијан, настан кој се случил неодамна.
Драма на односи, на внатрешни конфликти. Сложена психолошка приказна, која овозможува возбудлива потрага по најскриените човекови мисли и чувства, потрага која ги испитува границите на издржливоста. Драма за мирната површина и за подземните води, за глазурата и за она што се крие под неа, за тоа колку е тешко да се раскринка светот обмотан во цврстата обвивка на лажниот сјај и идилична атмосфера во која семејството и иднината на децата е најважно од сѐ.
Сценска адаптација: Дејвид Елдриџ
Режија: Зоја Бузалковска
Превод: Благоја Б. Бошковски
Драматург: Александра Бошковска

Играат:Кристијан – Александар Степанулески
Михаел – Дејан Лилиќ
Хелене – Соња Стамболџиоска
Хелге – Диме Илиев
Елзе – Лилјана Велјанова
Мете – Емилија Мицевска
Хелмут – Димитрија Доксевски
Поул – Лазе Манасковски
Дедото – Ѓорги Тодоровски
Пија – Тамара Ристоска
Ким – Предраг Павловски
Ларс – Златко Митрески
Гбатокаи – Дениз Абдула
Девојчето – Анастасија Аневска

26 Јануари 20:00 Странци

Што ќе се случи доколку скришно ѕиркате во телефонот на другиот? Соочувањето со вистината решава или пак отвара нов проблем? Колку вистината за/на другиот удира директно во неговиот приватен простор, а колку задира вопросторот на останатите? Дали соочувањето со вистината од нас прави подобри луѓе?Мобилните телефони се нашите „црни кутии“?! Колку овие „црни кутии“ не оттуѓуваат еден од друг? Странци е „драмомедија“ во која седумина пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи и на тој начин ги откриваат личните тајни, отварајки болни конфликтни ситуации.Истовремено се потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себепретставување. Паралелните дејства создаваат епска сценска наративност која не се стреми да го означи крајот, туку расте во широчина. Се’ во име на вистината.По соочување со вистината, следи судирсо пост вистината, состојба во којафактите стануваат помалку влијателни отколку што се тоа емоциите и личните убедувања. Улогата на технологијата во одредување на вистината/вистинитоста како доминанта на денешницата се потенцира и со појавувањето и откривањето на доверливи документи во глобални рамки. Дали светот стана подобро место за живеење по појавата на Викиликс? И уште еднаш, дали соочувањето со вистината од нас (на)прави подобри луѓе?
Ева: Ајде да играме една игра. … Роко: Каква игра е ова Ева? … Бјанка: Може да биде интересна. … Пепе: Јас не ги разбирам тие што не одговараат на пораки. … Козимо: Можел да ги избрише пораките. … Карлота: Голема работа. Не мислам дека некој ќе се шоќира. … Микеле: Премногу добро се познаваме.

Режисер: Нела Витошевиќ
Драматург: Викторија Рангелова – Петровска
Сценограф: Костантин Трпеноски
Костимограф: Роза Трајческа – Ристовска
Композитор: Огнен Анастасовски
Играат:
Микеле – Игор Ангелов
Ева – Ирена Ристиќ
Карлота – Биљана Драгиќевиќ – Пројковска
Пепе – Зоран Љутков
Бјанка – Сања Арсовска
Козимо – Филип Трајковиќ
Роко – Предраг Павловски

30 Јануари 20:00 Луди за љубов

Сем Шепард ја напишал „Луди за љубов“ брзо по разводот со неговата жена О-Лан. Во писмото што го испраќа до Џо Чајкин, кој му бил пријател и близок соработник, Шепард ја опишува својата драма како „продукт на заглушувачкото чувство низ кое поминував минатава година… текстот е многу емоционален и е по малку засрамувачко лично сведоштво, но и нужно, истовремено.“
Во ерата на едноставни и практични прирачници за „среќа“, „слобода“, „љубов“ и што ли уште не, наоѓам дека е добро да се погледне и опачината на овие поими, кои, некако по дефиниција ги прифаќаме за „позитивни“. Оттука и „Луди за љубов“, драма во која Сем Шепард ги поставува ликовите на Еди и Меј, да лутаат без конецот на Аријадна во темниот лавиринт на сопствените емоции, за да се најдат еден со друг. Во таа потрага по својата „друга половина“, тиe полека ја раскриваат природата на љубовта, која, за нив постои само во невозможноста за нејзино остварување.
Автор: Сем Шепард
Режија: Деан Дамјановски
Музика: Миодраг Неќак
Автор на композиција: Јана Стојановска
Играат:
Меј – Јана Стојановска / Благица Димитровска
Еди – Филип Трајковиќ
Старецот – Анастас Тановски
Мартин – Кристијан Светиев

31 Јануари 20:00 Како да се ограби банка
Парите го вртат светот. А што би правеле кога тие не би биле дел од нашиот живот и нашето секојдневие? Што би правеле кога ќе го допрете дното во општеството и кога единствената мисла со која ќе се будите наутро е “како да го наполнам својот стомак”? Одговорот на ова прашање е многу едноставен. Ајде да ограбиме банка. Овие први инстиктивни мисли кои си играат во нашата глава, овој пат ќе станат вистина.

Снаодливоста е главната особина на фамилијата Кепевски! Сите членови имаат некој свој личен проблем и секој од нив со него постапува многу наивно. Главата во семејството и човекот кој ја има диригентската палка е “големиот ум”, Раде Кепевски. Овој човек нема материјални средства да ја преживее неделата, но тоа не го спречува да ја следи својата страст за измислување нови изуми, убедувајќи ги притоа сите, дека тие се корисни во нивното секојдневие. Во недостиг на материјал тој ја користи целата покуќнина за своите глупости.
Оваа претстава зборува за комичноста на луѓето кои ќе се најдат во комплицирани ситуации. Соочувањето со проблемите на нашите „херои“, е многу различно од односот и пристапот на повеќето луѓе кои чекорат на земјата. Според начинот на размислување и постапките на ликовите, многумина би рекле дека тие се луди! Но, кои сме ние да им судиме на луѓето? Што е навистина лудило и нели тоа се граничеше со генијалност? Дали денес сите ние не сме ли луди на еден или друг начин? Мисијата на фамилијата Кепече да се ограби банка, е многу слична на детската мисија, да се гради куќа на дрво. На прв поглед изгледа многу едноставно, но по пат излегуваат многу непланирани проблеми. Во оваа претстава ќе уживаме во инвентивноста на ликовите, па можеби тоа ќе поттикне поинаков пристап кон проблемите во нашите животи.
Човекот секогаш се бори за својата егзистенција и го бара своето место под сонцето. Начинот на кој тој тоа го прави понекогаш е комичен, а на нас ни останува само да се опуштиме и да уживаме во возењето. Можеби и ќе научиме нешто!
Режија: Иван Манасковски
Превод: Коле Ангелoвски
Сценографија: Доротеа Ѓорѓиевска
Играат:
Раде Кепевски – Лазе Манасковски
Ружа – Марија Кондовска
Ставре – Гоце Тодоровски
Тони – Симон Манасковски
Џули – Катерина Шехтанска – Лаковски
Жижа Жижич – Калина Наумовска
Директорот На Банката – Игор Георгиев

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

6. тајни на успешно слабеење: Само вака неповратно ќе ги загубите килограмите!

Поради тоа е важно да ги знаете овие рпавила пред да јазапочнете борбата со губењето …