(ФОТО) Земја на вечно лето: Синиот рај ги продава своите пасоши!

Државјанство може да се добие на два начини – ако донирате пари на Фондот за одржлив развој или вложите во изградба на недвижнина на островот…
Свети Кристофер и Невис е карипска земја во малите Антили. Иако се простира на само 261 квадратен километар во Карипското море, една е од најпопуларните дестинации меѓу богатите граѓани во светот. Таму трае вечно лето па посетителите можат да се капат во секое време во годината.
Причината за тоа се крие во фактот што прва во светот понудила легално купување на пасош. Поточно, во 1984. година вовела Имиграциска инвестициска програма која на богатите поединци им овозможува добивање на друго државјанство (и втор пасош), а за возврат од нив се бара вложување во домашното стопанство.


Државјанството на Свети Кристофер и Невис можете да го остварите на два начини – ако донирате пари во Фондот за одржлив развој или вложите во изградба на недвижнина на островите. Во првиот случај поднесувачот на барањето мора да уплати 150.000 американски долари во Фондот, односно уште дополнителни 45.000 ако сака да прибави државјанство и на својот венчан другар и за максимално две деца.


Во вториот случај треба да вложите од 200.000 до 400.000 американски долари во недвижнина, и уште околу 45.000 долари за административни трошоци. Покрај тоа, можно е да се уплатат уште 25.000 долари за брза постапка и пасошот да го добиете во рок од 60. дена од поднесуавњето на барањето.
Не само што со пасошот на Свети Кристофер и Невис добивате слободен пристап во 151. земја во светот без потреба од барање виза, туку и бројни други даночни погодности кои на многумина им се главна причина за покренување на целата постапка.

Поттикнувањето на локалното стопанство на овој начин, во меѓувреме, го усвоиле и неколку други држави – од Обединетото Кралство преку Малта и Кипар до Холандија – преку програмата Citizenship By Investment (Државјанство преку вложување). Но, постапката на добивање на втор пасош во нив е многу подолго и посложено од она на Свети Кристофер и Невис.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …