(ВИДЕО) Овој викенд не очекува Крвава месечина: Тотално помрачување и невиден вселенски феномен ќе видиме сега и потоа во мај 2021. година!

Месечината, Земјата и Сонцето ќе бидат во една линија во текот на викендот кога се очекува потполно помрачување на Месечината, единствено во оваа, но и наредната година.
Во исто време Месечината ќе биде најблиску до Земјата поради што ќе делува како поголема и посветла од обично, и ќе има црвена боја, а тој феномен се вика Супер Месечина.
Американскито астрофизичар Патрик Хартиган изјавил дека тоа ќе биде интересно бидејќи ќе се случи и Супер Месечина и потполно помрачуавње на Месечината, додавајќи дека помрачувањето ќе трае доста долго, околу еден час.

Помрачувањето почнува во недела навечер или понеделник рано наутро во зависност од кој дел на Земјата тој феномен ќе се набљудува.
Сенката од Земјата 62. минути потполно ќе ја прекрие Месечината, навеле научниците и додале дека доколку биде ведро феноменот ќе биде видлив во Северна и Јужна Америка, но и на Гренланд, Исланд, Ирска, Велика Британија, Норвешка, Шведска, Португалија и на бреговите на Франција и Шпанија.
Останатиот дел од Европа како и Африка ќе има само делумен поглед. Помрачувањето нема да биде видливо во Азија, Австралија и Нов Зеланд.
Наредното помрачување на месечината се предвидува во мај 2021. година.

Оваа месечина кај древните Индијанци е нарекувана крвава волчја Месечина и тогаш племињата се собирале околу огин и го слушале завивањето на гладните волци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Со само три урми дневно ќе се заштитите од многу болести

Шеќерот од урмите е најсоодветен за вашите дечиња бидејќи најлесно се вари. Експертите советуваат да …