(ВИДЕО) Ева Лонгорија ги открила вежбите благодарение на кои изгледа како пред породувањето!

Само седум месеци од раѓањето на првото дете глумицата се вратила во старата форма. Секако, ако сте се надевале дека фантастичните резултати ги остварила на лесен начин баш мораме да ве разочараме. Тоа не се случило благодарение на некаква волшебна формула или исклучиво добра генетска предиспозиција.

Имено, ѕвездата на „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија во 43. година го родила првото дете, синот Сантијаго Енрике, а многу бргу после породувањето се вратила на вежбањето. И тоа не на било какво.
Глумицата се одлучила на соработка со личен тренер, а тој и осмислил доста брутални тренинзи кои само оние во одлична кондиција можат да ги направат. Со вежбањето се пофалила и на Инстаграм за да, како што вели, ги мотивира и другите жени на истото.

„Триесет минути дневно – бидејќи ние го заслужуваме тоа, жени!“, напишала во описот на видеото кое многумина восхитил.
Од овие две видеа е видливо дека Ева Лонгорија преку целата просторија влече импресивно количество тегови, што е редовен дел од нејзините тренинзи, па никого не го чуди што толку бргу се вратила на старата килажа.

Инаку, кога станува збор за вежбањето, Ева Лонгорија може да биде одлична инспирација на сите жени. Дури и кога нема време за одење во теретана, глумицата во тренинзите го вклучува и своето синче кое и послужува како најсладок тег, а за него е сето тоа одлична игра. Освен тоа, не сака монотонија па се пофалила дека најчесто комбинира различни видови вежбање – пилатес, јога, трчање, вежбање со тегови,а обожува и планинарење и трчање. Тоа се вика да се биде активен!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

12. намирници кои треба да се јадат за појадок – ако сакате да ослабнете

Оброк кој е многу важен кога сакате да се храните здраво и да ослабнете е …