(ФОТО) Смути за имунитет

Состојки:
тиква
јаболка
неколку бриселски зелкички
малку кокосово масло
сок од лимон
мед
зачини: морско оревче, чили, цимет, куркума


Подготовка: тиквата исчистете ја, исечете и сварете во вода. Исцедете но оставете ја водата од страна.Зачинете, но не претерувајте, за да еден од зачините не го преземе вкусот и не ја уништи целата смеса.
Сите состојки измешајте ги, со количества според ваша желба, и изблендирајте убаво да се иситнат.
Ако смесата ви е премногу густа додајте од водата во која се варела тиквата. Смесата можете да ја послужите како смути но и како пире.
Најдобро е да ја користите секој ден, барем една недела.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Инклузивна анимација” како алатка за инклузија на деца со попреченост

Од 7-ми до 20-ти октомври  со поддршка на Делегација на ЕУ во Скопје и во …