(ФОТО) Откриваме уште една причина зошто не смеете да го „прескокнувате“ појадокот!

Дури и ако само еднаш неделно го прескокнувате појадокот тоа за пест отсто го зголемува ризикот за развој на болести. Ако го прескокнете пет пати ризикот се зголемува на 55 отсто…
Одамна е врежано мислењето дека појадокот е најважен брок во денот, а новото истражување тоа уште еднаш го потврдило. Германските научници откриле дека прескокнувањето на појадокот е поврзано со зголемен ризик од развој на дијабетес од типот 2. Во истражувањето се обработени податоци на 96.000 лица.

Дури и ако само еднаш го прескокнеме појадокот тоа за шест отсто го зголемува ризикот за развој на дијабетес на типот 2. Ако појадокот го прескокнеме четири до пет пати неделно тој ризик се зголемува на 55 отсто. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието The Journal of Nutrition.
„За појадок е најдобро да се јаде оброк богат со влакна, протеини и сложени јагленихидрати. Тоа ќе ни помогне квалитетно да го зпаочнеме денот, ќе ни даде енергија, ќе го задоволи апетитот и ќе постави темели за останатите здрави оброци во денот“, вели Џена Фримен Шудер, диететичарка од Универзитетот Векснер во Охајо.

Прескокнувањето на појадокот може да доведе до инсулинска резистенција која е тесно поврзана со дијабетесот. Нутриционистите поради тоа советуваат сериозно да ја сфатиме изреката дека појадокот е најважен оброк во денот и никогаш да не го прескокнуваме.
Пример на брз и здрав појадок се јајца и овесна каша.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Чудесен ПАШКАНАТ: Се користи во народната медицина уште од античко време, а неговата арома го подобрува секое јадење!

Билката пашканат е исклучително здрав бел корен. Тој е многу ароматичен, па затоа е ценет …