(ФОТО) Се појавија нови информации за Samsung Galaxy S10: Промоцијата ќе се одржи на 20. февруари

Со оглед на тоа дека се приближуваме до официјалното претставување на новиот Samsung Galaxy S10, сѐ повеќе информации се појавуваат . На Твитер, Max Weinbach објави дека Samsung Galaxy S10 Lite ќе има 4 GB рам меморија и 128 GB интерна меморија, додека стандардниот Samsung Galaxy S10 ќе поседува 6GB рам меморија и 128 или 256 GB интерна меморија.
Galaxy S10 Plus ќе има 6 или 8GB рам меморија и 128, 256 или 512 GB интерна меморија. Weinbach напомена дека 5G моделот на Galaxy S10 Plus ќе биде достапен со 8 и 12 GB рам меморија и 256, 512 и 1 терабајт интерна меморија.
Weinbach објави и информации за камерите и истакна дека сите три модели ќе имаат ултра широки леќи од 16 MB и визуелно поле од 123 степени, но без оптичка стабилизација. Наводно ќе има и стандардни камери од 12 мегапиксели.

Galaxy S10 Plus дополнително ќе има камера од 13 мегапиксели со оптичка стабилизација на фотографијата и визуелно поле од 45 степени. Со други зборови, S10 Lite и Galaxy S10 ќе имаат по две камери, додека Galaxy S10 Plus ќе има три камери.
Камерата на моделот S10 ќе има Bright Night и осветлување за портрет, а во пакувањето ќе има има и AKG слушалки. Сензорот за отисок на прстот ќе биде интегриран во екранот на моделите Galaxy S10 и S10 Plus, додека S10 Lite ќе има бочно позициониран сензор.

Моделот S10 Lite ќе биде напојуван од батерија од 3.100 mAh, S10 ќе добие батерија од 3.500, а S10 Plus батерија од 4.000 mAh. Ќе бидат достапни во црна, бела, сина и зелена боја, а S10 Lite ќе се појави и во жолта боја.
Новите уреди треба да бидат претставени на 20 февруари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Новиот T-Cross доби пет ѕвезди во Euro NCAP тестовите

*Не може да биде подобар.Најновиот член на семејството Volkswagen сега се закити со пет ѕвезди. …