(ФОТО) Мајка со вибратор му ги олеснила маките на своето бебе и „заработила“ бројни позитивни коментари

Бебето страдало од проблеми со дишењето предизвикани од јака настинка, а мајката се снашла најдобро што знаела и можела…
И’ покрај бројните книги за родителство, импровизацијата е таа која на крај на краиштата ги води родителите во одгледувањето на децата.
Се снаоѓаат како знаат и умеат, било да станува збор за успивање на новороденчињата, одвикнување на оние малку поголемите од пелени или пак за ублажување на здравствени проблеми.
Во оваа последна тема се запишала и една мајка која на своето девојче респираторните проблеми му ги ублажило со помош на вибратор.

Страницата „Melons and Cuties“ на Фејсбук и Инстаграм споделила фотографија од една своја членка, која на своето настинато бебе легнато на стомак во нејзината прегратка во бања полна со пареа и ги олеснува маките масирајќи ја со вибратор.
Откако е објавен, постот на Фејсбук бил споделен 15.000 пати и коментиран повеќе од 22.000 пати.
„Ако нешто има сексуална цел, не значи дека може да се користи само за таа цел“, е еден од многу бројните коментари.
„Страшно е кога детето е болно. Што и да делува во тој момент е добро“, вели друга мајка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Снимка која најдобро покажува како се ризикува животот поради убава фотографија!

„Внимание, внимание! Лајкувајте и споделувајте го ова видео за да што повеќе луѓе разберат колку …