(ФОТО) Македонија подготвена, Хрватска со респект за нашите ракометари:„На теренот ќе ја бараме нашата шанса!“

Македонија немаше никаков проблем со Бахреин, кон крајот на второто полуврееме почнаа да создаваат разлика и на крај „мазно“ славеа со 28:23, на задоволство на селекторот Раул Гонзалес…
„Против Бахреин одигравме одличем меч, посебно во второто полувреме. Мораме да бидеме задоволчни со досегашните настапи, но вистинските испити допрва доаѓаат. Хрватска е репрезентација со некои од најдобрите играчи во светот и секако има амбиција да се бори за медал. Ги респектираме, но ќе ја бараме нашата шанса. Физички сме добро, на почеток на турнирот сме и ќе бидеме спремни“, вели селекторот Гионзалес.

Борско Ристовски:„Не ми треба Червар за да бидам мотивиран против Хрватска. Средбата против таква репрезентација е мотив сам по себе. Тоа е репрезентација која е меѓу петте најдобри во светот, има одлични играчи и на сите натпреварувања имаат најголема амбиција. Не размислувам за Лино Червар и не му посакувам среќа во наредната средба бидејќи ќе биде против нас. Но, на хрватските играчи им поакувам најдобар можен резултат на крајот на натпреварувањето“.

Филип Лазаров: „Во понеделник е најважниот натпревар за нас на ова првенство. Имаме доволно квалитет за да бараме победа во сите натпревари. Хрватска е фаворит, има поширок избор на играчи, поискусна е и поквалитетна, но на теренот ќе ја чекаме својата шанса и ќе дадеме се од себе за да дојдеме до позитивен резултат“.

Македонија нема да калкулира и да се чува за Исланд.
„Не можеш да излезеш на терен и да калкулираш, тоа е невозможно. Кога би размислувале за тоа, тоа можеби би било можно против Шпанија, но познавајќи го нашиот селектор, секаде ќе одиме на победа“, дополнува Лазаров.

Натпреварот помеѓу Македонија и Хрватска започнува од 18. часот со директен пренос на МРТ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Led Zeppelin: Култниот хит е плагијат!?

Судскиот панел од 11. судии од Деветиот окружен американски апелационен суд се согласил дека ќе …