Топ трикови на писателки на еротски романи за повеќе страст

Замена на улогите внесува возбудување во сексуалниот живот, слично како и сцените од еротските романи. Секс играчките можете да ги направите сами – да кажеме, вратоврска може да послужи за врзување на партнерот за креветот…
Три од четири писателки на еротски романи инспирации за своите романи наоѓаат во работите кои ги испробале во креветот, а 46 отсто некои пози и игрички испробале токму поради истражување, утврдила студијата на порталот The Fussy Librarian. Скоро 41. отсто од нив во спалната соба уживале во игричките на врзување.
Издвоиле неколку идеи како да се подобри сексуалниот живот:

Марама за врзување и масло за сензуална масажа
За уживање во сексуалните игрички на треба да се посетува секси шоп туку се’ потребно можете да најдете дома.
Свилена марама или вратоврска можат да послужат за врзување, старите костуми се одличен избор за играње на различни улоги, а маслата помогнуваат при сензуалните масажи кои ќе ги разбудат сите чувства.

Копирање на жешки сцени од филмови или романи
Жешките сцени од филмови или призори во еротските романи се вистинска мала кутија со одлични идеи кои можете да ги испробате во спалната соба.Можете еден на друг да си читате одломки кои ве возбудуваат или да изведете сцена од филм.
Исто така, таквите призори охрабруваат затоа што бришат табуа. Идеите кои паровите се плашеле да ги остварат бидејќи мислеле дека не се „нормални“ станале вообичаени.

Доминантиот партнер во сексот нека биде подреден
Во еротските романи еден лик е секогаш доминантен, а слично е и во долгите врски. Паровите лесно запнуваат во улогите кои ги презеле на почетокот на врската па поради тоа и најобичната замена може да им донесе многу страст.
Нека доминатниот партнер биде подреден, а подредениот доминантен, така возбудувањето повторно ќе расте бидејќи моќта е голем афродизијак.

Секс на јавно место за повеќе уживање
Веќе и излегувањето од спалната соба е вистински зачин за сексуалниот живот. Стравот дека некој ќе ве улови се чини уште повозбудлива, поради тоа не се срамете да го пробате, советуваат писателките.
Не треба да одите далеку, можете да го искроистите автомобилот во гаражата или пак дворот, но внимавајте некој да не ве види.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Што е ПЛФ формуларот, кој го бараат за влегување во Грција, и како се пополнува!

Ако ваша деестинација за оваа пролет и лето е Грција, она што ви треба со …