Дневен хороскоп за понеделник, 14.01.2019:Ова е време на измами и лаги, треба да се снаоѓаме, но и мирни моменти за збогатување на своите мисли!

На почетокот на новата седмица Јупитер влегува во ретроградна сенка, т.е.пред да тргне
директно ќе престојува во ретроградна сенка. Ова е време кога навистина многу нешта ќе
изгледаат поинаку отколку што всушност се, време е на измами и лаги. Не е ова лесен
период за преживување, но што е тука е. Мораме да се снаоѓаме и прилагодуваме и патем да
извлекуваме поуки за во иднина.
Денес Меркур е во секстил со Нептун. Ова е убав аспект за фантазирање, не е врзан за
некоја акција, туку повеќе за мирни моменти кога своите мисли ќе ги збогатите со
набљудување на светот околу себе, луѓе, природа, креативните души овој аспект ќе ги
покрене, ослободи и инспирира.
Ви посакуваме убав ден.

Овен
Работа
Состанокот или разговорот со едно лице е “победничка комбинација”, поради тоа прифатете
ја идејата за деловно-финансиска соработка. Важно е да одберете нова ситуација,која
истовремено ги исполнува вашите духовни интереси и носи материјална добивка.
Љубов
Нема потреба да се однесувате премногу театрално во друштво на некој близок. Прилагодете
ја својата улога во согласност со заедничките потреби.
Здравје
Главоболка.

Бик
Работа
Внимателно анализирајте ги различните настани на деловната сцена и новите услови. Ако
сакате да остварите добри резултати треба реално да ги процените вашите опции и услови
во кои се наоѓате. Нема причина за претерана учтивост пред соработниците.
Љубов
Поставувате „погрешни прашања” и вршите емоционален притисок врз некој близок. Подобро е
смирено да ги согледате вообичаените решенија.
Здравје
Проблеми со грлото.

Близнаци
Работа
Предлагате нови практични решенија, но еден од соработниците нема доволно слух
и комплицира договор за заеднички интереси. Нема причина да потцените нечија
неинформираност или умешноста да ги остварите своите намери.
Љубов
Делувате премногу вознемирено и нестрпливо. Во емоционален ентузијазам правите лоша
проценка и имате погрешен впечаток за една личност.
Здравје
Не сте во кондиција.

Рак
Работа
Важно е да задржите добра деловна позиција меѓу соработниците,па штедете ја својата
креативна енергија или време. Бизнис-финансискиот успех не ги задоволува вашите
очекувања,но вашите соработници не можат да се пофалат со одлични резултати.
Љубов
Вие се однесувате нервозно и загрижено, имате впечаток дека неправедно страдате поради
чудно однесување на партнерот или отсуство.
Здравје
Добро се чувствувате.

Продолжува на следната страна…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Дневен хороскоп за сабота, 23.03.2019:Ден на враќање во некои потиснати работи и чувства, присетување на дамнешни настани, ќе сакате да се ослободите од работи кои со сила сте ги потиснале…

Денес Месечината влегува во знакот на Скорпија. Ова ќе биде ден на враќање во некои …