(ВИДЕО+ФОТО) Започна Австралија Опен: Рафаел Надал сигурно до следното коло – На потег се Мареј и федерер!

Ноќеска во еден после полноќ започна годинешното издание на првиот Грен слем во сезоната „Австралија Опен“…

На теренот од фаворитите излезе, досега, само Рафаел Надал кој во три сета (6:4, 6:3, 7:5) го совлада Џејмс Дукворт. Иако резултатот не го кажува тоа Надал имаше големи проблеми во третиот сет. По водството од 5:2, и малото опуштање Дукворт поведе но искуството и сигурната игра сепак му го донесоа третиот сет на Надал.

Рафа беше видно расположен по победата наведувајќи дека е секогаш тешко да се вратите после повреда. Беше очигледно дека за вистинската магија на Шпанецот недостасуваат уште мечеви со оглед на тоа што тој го откажа Бризбејн поради недоволна подготовка.
Како и да е, на теренот се очекуваат и Енди Мареј и Роџер Федерер…
Ѓоковиќ првиот меч го игра во вторник наутро од 09. часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) АО: Пуј првпат во полуфинале на Грен слем: Раониќ пропушти шанса!

францускиот тенисер Лукас Пуј првпат во кариерата се пласираше во полуфинале на некој Грен слем …